Нашата приказна започна со љубов, желба и потреба.

Insta

Нашата приказна

Dnevnikot.mk постои од 2021 година и започна како мала онлајн иницијатива со една голема цел – да биде место каде што воспитувачите, наставниците, родителите и сите кои работат со деца можат да најдат инспирација, знаење и практични алатки за секојдневната работа и воспитно-образовниот процес.

Идејата на Dnevnikot.mk е да создаде достапни, корисни и квалитетни едукативни материјали кои ја поддржуваат развојната, креативната и педагошката работа со деца од најмала возраст. Со тек на време, заедницата што се формираше околу платформата стана доказ дека потребата од ваков тип содржини е огромна – и во Македонија, и надвор од неа.

Во 2025 година, Dnevnikot.mk започна и со развој на специјализирани прирачници за воспитувачи и наставници во Германија, со цел да им помогне на професионалците од Македонија кои својата кариера сакаат да ја продолжат таму. Прирачникот нуди насоки, практики и информации за полесна адаптација во германскиот образовен систем.

Нашата мисија останува иста – да го поддржиме секој воспитувач, наставник и родител во создавање стимулирачка, безбедна и квалитетна средина за детски раст и развој.

Profil picc

Кој стои зад Dnevnikot.mk

Здраво! Јас сум Мартина Наумовска, дипломиран професор по македонски јазик и литература со десетгодишно работно искуство во образованието. Мојата професионална љубопитност и посветеност кон децата и воспитно-образовниот процес ме водeа кон дополнителна специјализација како реализатор за интеркултурни активности во образованието, каде што активно работев на поврзување, разбирање и интеграција на различни култури во училиштата и градинките.

Во последните години мојот професионален пат ме однесе во Германија, каде што работам како образовен специјалист во градинка. Ова ново искуство ми овозможи да навлезам подлабоко во европските образовни стандарди, пристапи и методологии, што уште повеќе ја зацврсти мојата желба да креирам простор за поддршка, знаење и инспирација.

Токму од таа желба го создадов Dnevnikot.mk – место кое од 2021 година расте заедно со мене и со заедницата што го следи. Родители, воспитувачи и наставници секојдневно ми пишуваат, се заблагодаруваат и споделуваат како содржините им помагаат во подобрувањето на детскиот развој, градењето секојдневни навики и создавање поттикнувачка средина. Тие зборови ми се најголемиот мотивациски ветер во грб.

Воедно, многумина ме контактираат преку платформата за совети, практики и искуства за тоа како полесно да се вработат во градинките во Германија, како да се подготват, што да очекуваат и кои чекори да ги следат. Ова ме поттикна да започнам со создавање специјализирани прирачници и консултации кои им помагаат на професионалците од Македонија да направат успешна трансформација во својата кариера.

Верувам дека секое дете заслужува поддршка, секој воспитувач – соодветни алатки, а секој родител – водич кој ќе му помогне да расте заедно со своето дете. И токму тоа е срцето на Dnevnikot.mk.

10+

Професионална работа со деца и едукација.

Искуство кое што секојдневно несебично се пренесува.

30,000+

Родители/читатели достигнати преку содржини

Секојдневна комуникација преку социјалните мрежи на dnevnikot.mk и online консултации.

2

Професионални прирачници

E-books создадени за да ви го олеснат патот на вашата кариера доколку би сакале да ја продолжите во Германија.

Зошто да го одберете Dnevnikot.mk

Избираме да бидеме тука со вистинска намера — да донесеме квалитет, практичност и искрена помош.
Нашиот пристап е топол, професионален и ориентиран кон потребите на децата и родителите.
Секој материјал е внимателно подготвен и тестиран во реална воспитна практика.
Со нас добивате повеќе од прирачник — добивате поддршка, знаење и искуство.

Прирачник германија